IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Велика Британија: „Монделез“ инвестира во четири производствени линии

21.04.2017

„Монделез интернационал" отвора четири нови производствени линии во фабриката за чоколада во Бурнвил во Обединетото Кралство, инвестиција вредна 75 милиони фунти (89,3 милиони евра).

Двете нови линии ќе го произведуваат брендот Cadbury Dairy Milk, односно неговиот класичен, основен асортиман: чоколада со карамела, овошје и лешник, со лешник и регуларните чоколадни табли Cadbury Dairy Milk. Линијата за производство на чоколадните табли ќе има капацитет до 8 тони чоколада на час, односно околу 1,2 милиони табли дневно, во зависност од нивната големина.

Од „Монделез" велат дека инвестицијата ќе овозможи производството на Cadbury Dairy Milk да остане во Бурнвил – домот на брендот.

Другите две производствени линии ќе ги произведуваат чоколадните брендови Cadbury Roses и Cadbury Heroes. Тие линии ќе имаат капацитет до 5 тони производи на час, односно 13 милиони слатки дневно.

Од компанијата соопштуваат дека зголемувањето на капацитетот е резултат на тригодишната работа на екпанзија.


Назад
 

 
 
 
back to top