IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Македонија: Минатата година повеќе туристи од 2016

13.02.2018

Минатиот декември Македонија ја посетиле повеќе туристи во однос на декември 2016-та, а повеќе туристи имало и на годишно ниво, во однос на претходната година, покажува најновиот извештај за туризам на Државниот завод на статистика.

Според податоците, во декември 2017 во Македонија престовјувале 51 599 туристи, а биле реализирани вкупно 103.721 ноќевања.

Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, се зголемил за 22.6%, а бројот на ноќевањата бил зголемен за 28.0%.

Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, се зголемил за 19.0%, а за 24.7% се зголемил бројот на странските посетители.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, се зголемил за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%.

Во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите се зголемил за 16.6%, односно за 6.3% кај домашните туристи и за 23.5% кај странските.

Во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, бројот на ноќевањата се зголемил за 12.8%, односно за 5.2% кај домашните туристи и за 22.8% кај странските.


Назад
 

 
 
 
back to top