IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 22.02.2018 || „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |   ||
   

Свет: Месото најскапо во Швајцарија

17.11.2017

Највисоки цени на месото помеѓу членките на Европската Унија имало во Данска, каде што месото е за околу 40% поскапо во однос на просечната цена на земјите од блокот, а најевтино е во Полска, каде што е 47% поевтино во однос на европскиот просек, соопшти Евростат престставувајќи ги најновите податоци.

Меѓу земјите со најевтино месо се Бугарија и Романија, со 44 и 41,1 проценти поевтино месо во однос на просекот во ЕУ, а меѓу земјите со најскапо месо се и Австрија, Шведска и Франција, со 37, 33,5 и 31,3 отсто повисоки цени во однос на просечните.

Во границите на целиот континент, најскапо месо плаќаат жителите на Швајцарија, 157% поскапо во однос на европскиот просек, а месото е најевтино повторно во Полска, чии жители за месо плаќаат поевтино и од жителите на Србија, Црна Гора, Албанија и на Македонија.

Според анализата на статистичката служба на ЕУ, цените на месото во Србија се за околу 40% во однос на просечните цени во земјите од ЕУ, во Албанија за 46%, во Македонија - 43%, а во Црна Гора за 34%.

Според истражувањето што претходно го направи компанијата „Катервингс", неквалификуван работник во Швајцарија треба да работи 3,1 час за да купи еден килограм месо, а за килограм месо работник во Индонезија мора да работи 23,6 часа за килограм јунешко месо.


Назад
 

 
 
 
back to top