IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 17.01.2018 || „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |  Нови инвестиции и зголемена добивка на „Витаминка“ во 2018  |  Работењето на „Агрокор“ бележи позитивни резултати  |  Diet Coke со 4 нови вкусови и со поинаков изглед  |  „Млинотест“ наскоро со нова фабрика  |  „Карлсберг БХ“ официјален дистрибутер на пивото Erdinger   |  „Молсон корс“ го купува „Аспал“  |  Пораст на продажните цени на индустриските производи во ноември  |   ||
   

САД: „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“

13.12.2017

Компанијата „Марс" соопшти дека откупила малцински удел во „Кајнд", компанија што се занимава со производство на снек-барови.

Во извештајот, во кој се наведува дека вредноста на договорот е 4 милијарди долари, се додава дека благодарение на договорот, „Марс" ќе го прошири бизнисот во секторот здрава храна.

Веруваме дека постојат огромни можности за воведување на производственото портфолио на „Кајнд" на нови пазари, изјави Грант Ф. Рид, извршен директор и претседател на „Марс".

Тој додава дека многу се задоволни од партнерството со респектабилниот лидер во сегментот здрава храна и оти ќе целат на понатамошно проширување на бизнисот и на портфолиото за да одговорат на новите потреби на потрошувачите.

„Кајнд", компанија која е основана во 2004 година, ќе продолжи да работи самостојно, под раководство на мнозинските сопственици, а „Марс" ќе го води развојот на работењето надвор од границите на САД и на Канада.


Назад
 

 
 
 
back to top