IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |  СКМ пристапи кон „Патот на свилата“  |  „Млекара Шабац“ гради фабрика во Русија  |   ||
   

Македонија: „Макпрогрес“ со континуирани инвестиции и развој

13.04.2017

Компанијата „Макпрогрес" од Виница ги информираше новинарите дека пушти во погон нова линија за производство на вафли и наполитанки, на која 40 вработени ќе работат во три смени. Вредноста на инвестицијата е 2 милиони евра и заедно со останатите инвестиции во последните три години, „Макпрогрес" ја заокружува бројката од 8 милиони евра инвестиции. 

За да покаже транспарентност и општествена одговорност, кондиторската компанија „Макпрогрес" од Виница на почетокот од месецов организираше отворен ден за медиумите. Во управната зграда, новинарите беа информирани дека во првиот квартал годинава, компанијата оствари пораст на вкупните продажби од 6,3 отсто во однос на првиот квартал од минатата година, што навестува дека и во 2017 година, „Макпрогрес" има основа да очекува нов рекорд во работењето.

Исто така, како што пренесуваат порталите „Фактор" и „Иновативност", компанијата инвестирала во нов погон и во осма линија за производство на наполитанки и вафли. Новата линија работи во три смени, има 30 вработени и ќе произведува околу 2.000 тони наполитанки во разни пакувања. Вложени се околу 2 милиони евра и од реномиран производител заедно со останатите инвестиции во последните години три години имаат вложено околу 8 милиони евра и вработување на 120 лица . 

Порастот се должи на зголемената продажба за 9,5 отсто на извозните пазари, а производите најмногу се извезуваат во соседните земји. На домашниот пазар, остварен е пад на продажбата за 2,8 отсто во март, кога се почувствувало и намалување на побарувачката. Компанијата работи со 80-процентна искористеност на производствените капацитети.

Според Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес", и другите домашни компании имале пад во продажбата на домашниот пазар, што наведува на заклучок дека актуелната политичка нестабилност влијае и врз целокупната потрошувачка во земјава. Плановите на компанијата се да продолжи агресивно да се развива на извозните пазари, но и да стави поголем фокус на домашниот пазар со поголема маркетиншка присутност и со подобрена комерцијална структура, истакна тој.

Тој додаде дека минатата година била најуспешната во 26-годишното постоење на компанијата во однос на остварените продажби, особено на странските пазари. Годината била карактеризирана и со висока ликвидност и стабилност, но поради зголемените трошоци, 2016 година била помалку профитабилна во однос на претходната година. Порастот на трошоците се должи, пред сè, на зголемените цени на суровините, особено на шеќерот, како и на порастот на платите и другите давачки за вработените. Со 550 вработени, минатата година „Макпрогрес" остварила производство од 14.500 тони, од кои, 80 отсто било наменето за странство. Порастот на извозот во однос на 2015 година, изнесувал 6 отсто.

Според Цветанов, трендот на пораст се должи на постојаните инвестиции во нови производни капацитети, зголемувањето на асортиманот на производи, како и на континуираните подобрувања во сите сегменти од работењето. Минатата година беше одбележана и  со зголемување на бројот на вработени, како и со лансирање на неколку нови производи, меѓу кои Triofino, Twingers, наполитан-коцки и Tortina plus со вкус на портокал, изјави тој.

„Макпрогрес" е успешна семејна компанија, која е една од најголемите прехранбени индустрии во земјава. Во производното портфолио има повеќе од 300 прехранбени производи, кои се пласираат под 5 главни брендови (Vincinni,Vincinni Finest, Armonia, Сончева Долина и Natura) како и педесетина подбрендови. Производите на „Макпрогрес" се присутни во повеќе од 55 држави низ целиот свет. Од компанијата откриваат дека стратешката определба е во блиска иднина да се освојат повеќе западноевропски пазари, со фокус на Португалија, Шпанија, Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Англија како и на прекуокеанските земји.


Назад
 

 
 
 
back to top