IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Македонија: „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби

14.07.2017

Во рамките на проектот „Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби" организиран од Црвениот крст и со поддршка од „Макпогрес", децата со посебни од дневните центри од 10 до 14 јули се на бесплатно летување.

Летувањето е во центарот „Солферино" во Струга, каде што се сместени 13 деца од дневните центри од Виница, Штип и од Куманово заедно со волонтери и вработени од дневните центри.

Од „Макпрогрес" велат дека целта  на овие активности е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби, нивно подобро прифаќање во средината преку креативни работилници, хуманитарни изложби, спорт и рекреација, како и психолошка поддршка и едукација за децата и родителите, односно луѓето што се грижат за нив. Во имплементација на активностите вклучени се и вработените на „Макпрогрес", вработените од  дневните центри во општините и родителите на децата.

„Макпрогрес" ја обезбедил донацијата од дел од остварениот приход од продажбата на брендот Tortina. Со поддршката на овој проект, компанијата го потврдува континуитетот во напорите за развој и за благосостојба на луѓето во заедницата. На почетокот од јуни, виничката компанија во соработка Црвениот крст објави дека почнува низа активности за поддршка на децата и младите со посебни потреби.


Назад
 

 
 
 
back to top