IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија/Русија: Македонските производи барани во Русија

12.02.2018

Македонските производи се барани на рускиот пазар и за унапредување на пласманот треба да се работи уште повеќе на нивната промоција и на збогатувањето на асортиманот нови производи.

 

Ова е накусо оценката од учеството на шест македонски компании на најголемиот саем на стоки за широка потрошувачка во Руската Федерација „Продекспо", што се одржа минатата недела во Москва.

На годинашното издание учествуваа шест македонски компании: винарските визби „Стоби" од Градско, „Далвина" од Струмица, „ВВМ ГД Тиквеш" од Кавадарци и „Попова кула" од Демир Капија, млекарницата „Здравје Радово" и мелничко-пекарската компанија „Кадино индустри"

Македонија се претстави со национален штанд, со површина од 48 квадратни метри, во организација на Македонска-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

 Станува збор за исклучително важна саемска манифестација, која годинава се одржа на површина од околу 100.000 квадратни метри, учествуваа бизнисмени од повеќе од 2.000 компании, околу 60 земји од светот, изјави за InStoreДејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Учеството на саемот се совпадна со официјалната посета на Русија на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

За време на престојот во Москва, министерот Николовски имаше средба со рускиот министер за земјоделство, Алекснадар Ткачов, кој порачал дека на пазарот во Русија има интерес за македонските производи, Македонија да продолжи со нивната промоција, но и да го збогатува асортиманот со нови производи.

Компаниите очекуваат зголемување на нарачките, ги продолжија досегашните договори  и склучија нови договори со своите партнери. Колку се смета на Македонија како деловен партнер покажа и фактот што во спотот за 25-годишнината на „Продекспо" беа застапени и македонските производители, оценува Бешлиев.

Посетителите на штандот имаа можност да дегустираат вино, млени производи и пекарски замрзнати производи од шесте македонски компании.

 


Назад
 
 
 
 
back to top