IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Македонија: Македонски излагачи на WorldFood 2017 во Москва

11.09.2017

Тринаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук, деновиве се претставуваат на WorldFood Moscow 2017, најголемиот прехранбен саем за излагачи од Југоисточна Европа, што се одржува во Москва, Руската Федерација, соопшти Македонско-руската стопанска комора.

Со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, македонските излагачи ќе се претстават со национален штанд на површина од 110 квадратни мери, како делегација од 28 бизнисмени.

Покрај настапот на WorldFood Москва македонската делегација ќе има  средба и со преставниците на најголемите трговски  синџири од Руската Федерација, во огромниот деловен центар „Фуд сити",  кој е сопственост на  најголемиот руски агро-кластер, најави Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора

Според информациите на Комората, расте заинтересираноста на руските компании за македонските земјоделски производи, сè поголем е бројот на пратки и обемот на количините што се пласираат на рускиот пазар. Оттаму очекуваат дека саемот ќе придонесе за извозни аранжмани на новите излагачи со деловни партнери од Русија и за намалување на трговскиот дефицит на Македонија во трговијата со Руската Федерација, кој  во првите седум месеци од годинава изнесувал 73,3 милиони долари.

Назад
 

        
 
 
 
back to top