IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 10.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Москва: Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ

19.09.2018
Македонија со Национален штанд се претставува на најголемиот прехрамбен саем во Југоисточна Европа „МИР ПИТАНИЕ 2018" (WORLD FOOD 2018), кој се одржува од 17-ти до 20-ти септември во Москва. 

Вкупно 12 македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук,  ги излагаат своите производи пред посетителите на саемот  и бизнис- круговите од овој дел на светот. Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора и со финансиска поддршка на ресорното министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Присутни се „Агролозар" од  Струмица, „Випро" и „Виториа"  од Гевгелија, „Суна стар" и „Румко" од Ресен, „Ларс" од Штип, „Кривогаштани промет" од Прилеп, „Бага Фуд" од Битола,  „Јуникс", „Химаглион", „Конимекс" и „Виталиа" сите од Скопје. Свој посебен штанд на московскиот саем има „Витаминка" од Прилеп.

Национален штанд на Македонија се простира на 90 квадратни метри, а бизнис - делегацијата составена од 25 луѓе од деловниот сектор ја предводи м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско - руската  стопанска комора.

Во првото полугодие од годинава македонските компании во Руската Федерација извезле зеленчук во износ од 5,7 милиони долари и овошје за близу 4,9 милиони долари. 

Загрижувачко е што е преполовен извозот на зеленчук во споредба со истиот период од лани, пред се,  заради тоа што изостана пласманот на свежата зелка. За четвртина е намален пласманот на македонското овошје. За ваквата малаксаност на македонскиот извоз на овошје и зеленчук нема никакви политички причини, туку станува збор за одредено неснаоѓање на домашните компании со силната конкуренција на која се изложени на овој пазар.Но, добра вест е што не е намалена побарувачката на македонските земјоделски производи од страна на руските компании – рече  Бешлиев.

Во московскиот „Експоцентар", каде што се одржува саемот, излагаат 1600 компании од 62 држави.Во просек изложбата на храна ја посетуваат преку 30.000 посетители од 79 региони во Русија и од 90 други држави. Дури 25.000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување на производи презентирани на саемските штандови. 



Назад
 
 
 
 
back to top