IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија / Србија: М6 стана спонзор на „Црвена звезда“

07.11.2017

Компанијата М6 потпиша договор за спонзорство со Спортското друштво „Црвена звезда" од Белград со што стана официјален спонзор на фудбалскиот и на кошаркарскиот клуб „Црвена звезда".

 

Како што беше соопштено на потпишувањето на договорот, фокусот на соработката на М6 со „Црвена звезда" ќе биде во промовирање на пивото BIP преку заемна поддршка со ФК „Црвена звезда" и на винарската визба „Тиквеш" преку заемна поддршка со КК „Црвена звезда".

Компанијата „М6" е еден од најголемите производители на вино, пиво и на други алкохолни пијалаци во регионот, во чии рамки работи и „Тиквеш" од Кавадарци. М6 неодамна почна соработка и со Белградската индустрија за пиво (БИП) и го обнови производството на пивото BIP, еден од најпознатите брендови пиво во регионот.

Задовлоство ми е и голема чест што брендовите што ги застапува нашата компанија ќе бидат поврзани со „Црвена звезда". Вината на „Тиквеш" се едни од најдобрите во Европа, а во Белград и во Србија враќаме во живот е еден од симболите на некои други времиња - пивото БИП. Традиција, богата историја и многу емоции - сето тоа е заедничко за овие брендови и за „Црвена звеезда". Затоа ми е исклучително драго дел од историјата да го пишуваме заедно, рече на потпишувањето Светозар Јаневски, еден од основачите на М6.

Икслучително ни е драго што компанијата М6 ги препозна значењето и вредноста на фудбалскиот и на кошаркарскиот клуб „Црвена звезда". Традицијата, спортските резултати, медиумската присутност, настапите во европа, препознатливоста на името „Црвена звезда" секако придонесуваат за угледот не само на нашите клубови туку и на компаниите што своите маркетиншки цели ги врзуваат за „Црвена звезда". Се надеваме и веруваме дека ова е само почеток на заедничката соработка и дека во иднина ќе се осврнеме, како на спортски, така и на деловен план, на цели чиј заеднички слоган ќе биде „Заедно до врвот", изјави Петар Шкундриќ, претседателот на собранието на спортското друштво „Црвена звезда".


Назад
 
 
 
 
back to top