IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

ЕУ: Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло

16.06.2017

Европскиот суд на правдата во средата донесе пресуда, со која забрани производи од растително потекло да се продаваат како млеко, путер или сирење, пренесува „Танјуг".

Во пресудата се наведува дека називите „млеко", „путер", „крем сирење" и „јогурт" може да се користат само за рекламирање на производите што се добиени од животинско млеко, освен во случај на изречно предвидени исклучоци, што не е случај со сојата и со тофуто.

Забраната важи и за случаите кога тие називи се дополнети со појаснувања или со описни додавки што упатуваат на растителното потекло на производот, како на пример, „растително сирење" и „вегетаријанско сирење".

Пресудата е донесена во процесот, кој го почна едно германско здружение за борба против нечесниот пазарен натпревар на „Тофутаун", компанија која произведува и дистрибуира вегетаријанска и веганска храна под називот „растително сирење". Судот во германскиот град Трир, пред кој случајот беше покренат, побара мислење од Европскиот суд на правдата.


Назад
 

 
 
 
back to top