„Млекара Шабац" ќе изгради фабрика во Русија, која се
очекува да биде пуштена во употреба за шест до осум месеци, најави
претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, на Меѓународниот
економски форум што се одржа неодамна во Санкт Петербург.

Производството, како што истакна тој, ќе биде со
капацитет од 450 тони на ден, што е на ниво на најголемите млекарници на
Балканот.
„Млекара Шабац" е веќе присутна на рускиот пазар, каде
што извезува 75 отсто од белото сирење што го произведува.