IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.05.2017 || Второ ниво - Напредно преговарање со „тешките“ купувачи  |  Голем хуманитарен гурмански пикник  |  Вискито на „Алди“ меѓу најдобрите  |  „Тиквеш“ најнаградувана винарница во Југоисточна Европа  |  InStore на саемот PLMA во Амстердам  |  Пораст на продажбата во „Агроплод“  |  Сребро за Alexandria Rose на мундијал во Франција  |  Паркиралишта за велосипеди од „Кока-кола“  |  Златни медали за Hina во Нови Сад  |  Нема криза во „Млекопродукт“  |  „Универекспорт“ најдобар во категоријата  |  „Дон дон“ најави нов погон во Зајечар  |  VodaVoda ќе го освојува пазарот во Сингапур  |  Успешен почеток на „Синагога“  |  Нов дистрибутивен центар на „Нели“  |  Јубилеј на „Карлсберг“ - Србија  |  Занаетчиското пиво, бизнис во подем  |  Успешно реализиран третиот FMCG-самит во БИХ  |  Претставена акцијата „BH. korpa“  |  „Бинго“ е новиот сопственик на „Дита“  |   ||
   

Македонија/Србија: „M-6 Еден“ влегува во белградски БИП

11.04.2017

Компанијата „М-6 Еден" на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски и официјално ќе ги земе под закуп брендовите од „Белградската индрустрија за пиво" во стечај, соопшти Одборот на доверителите на БИП.

На последната аукција пред доверителите „М-6 Еден" дала највисока понуда, која се однесува за закуп на сите брендови на белградската пиварница.

Како што соопшти „М-6 Еден", компанијата во претстојниот период ќе ги задржи вработените во согласност со договорените услови, а во следните фази се предвидува развој на бизнисот и унaпредување на работењето на пиварницата, за што деталите ќе бидат соопштени наскоро.

Белградската пиварница била основана во 1872 година, а под името „Белградска индустрија за пиво" работи од 1963. Пиварницата го имаше најголемиот удел на пазарот во Србија сè до 2000 година, кога почна да ја губи битката со ривалските пиварници.

Македонската компанија „M-6 Еден” е во сопственост на Светозар Јаневски, поранешен долгогодшен директор на „Скопска пивара", денес мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш". Деловните кругови во Србија го оценуваат влегувањето на Јаневски во БИП како значајно, со оглед на неговото големо искуство и познавања поврзани со пивската индустрија во регионот и пошироко.


Назад
 

 
 
 
back to top