IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Македонија: Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот

15.06.2017

Агробизнис-комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), предупреди дека пред почетокот на жетвата се очекуваат значително помали приноси, особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата нема ниту да има жетва.

Причините за оваа состоба се лошите временски услови, но и недоволната примена на агротехничките мерки за да може да се спаси родот.

Очекуваните приноси од пченицата годинава се преполовени во споредба со минатата година. Во вакви услови за стабилизирање на пазарот, препорака е да се изврши интервентен откуп на пченица од Бирото за стокови резерви, пред почетокот на откупот, за да бидат заштитени сите страни и да има стабилност на пазарот. Битно е да се собере секое зрно, бидејќи ако се зголеми откупот, автоматски интересот за сеидба за следната сезона ќе се зголеми, а со тоа и површините со житни култури, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис-комората.

Горан Ѓорѓиевски, кој доаѓа од мелничко-пекарската индустрија, вели дека доколку имаме ситуација на зголемување на цената на пченицата, тоа ќе значи зголемување на цената на брашното, а со тоа и на цената на лебот. Поради лошата сезона, можно е да потфрли и квалитетот на пченицата. Затоа дел од мелничарите се одлучуваат за увоз на поквалитетна пченица по иста цена со домашната. Минатата година цената на брашното беше 12 денари за еден килограм, изјави тој.

Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица, родот тежел 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва. Просечениот принос изнесувал 3.800 килограми на хектар.


Назад
 

 
 
 
back to top