IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Србија: „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова

09.07.2018
Логистичкиот центар на „Лидл" се простира на 45.000 м² и има 30.000 палетни места.
Компанијата „Лидл" - Србија отвори логистички центар во Нова Пазова, 30 км од Белград, каде работа ќе најдат 180 луѓе, додека отворањето на првите од 10 до 20 продавници во Србија се очекува до крајот на годинава. 

Логистичкиот центар се простира на 45.000 м² и има 30.000 палетни места. Поделен е на пет температурни зони, а го градеа градежни компании од Србија, според интернационални страндарди за зелено градење. При изградбата водена е грижа и за отпадот. Првпат во Србија дури 1.800 квадрати индустриски под е изведен без прекин во бетонирањето. 

Со посебна технологија намалена е употребата на енергијата за 32%, а потрошувачката на вода за 20%. На овој начин, модерните технологии и оптимизираните процеси ќе обезбедат ефикасно работење, што веќе функционира на 30 пазари каде работи „Лидл". Од овој центар, секојдневно ќе се испорачува стока, а производите ќе бидат свежи.

Подготовките за отворањето на логистичкиот центар подразбираа и обука на вработените спроведена во странство. 

Инаку, „Лидл" секојдневно во светот услужува 10 милиони купувачи во повеќе од 10.000 продавници, а производите се складираат во повеќе од 150 логистички центри. Во Србија, засега има 500 вработени, а во тек е селекција на 1.000 продавачи.



Назад
 
 
 
 
back to top