IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Велика Британија: „Лидл“ ќе отвора нов дистрибутивен центар

09.11.2017

За својот бизнис во Велика Британија, „Лидл" планира да отвори нов дистрибутивен центар на површина од околу 70.000 квадратни метри во Питерборо, со помош на развојната компанија „Роксхил".

„Дејли експрес" известува дека објектот, кој ќе биде шестиот во Велика Британија, ќе биде најголемиот магацин на „Лидл" во таа земја. Плановите беа најавени минатата година, кога дисконтерот почна да се проширува на Островот.

До следната година, од „Лидл" планираат да инвестираат околу 1,45 милијарди фунти (1,64 милијарди евра). Рапидно се прошируваме низ цела Велика Британија и важно ни е да имаме погодна инфраструктура за синџирот на снабдување, изјави Eдриен Хауелс, портпаролка на дисконтниот синџир, која додаде дека локацијата на Питерборо е идеална и оти им е мило што ќе овозможат нови вработувања од локалната заедница.

Неодамна, „Лидл" ја потврди и информацијата за почетокот на изградбата на ново складиште во Донкастер, како и за проектите што се во тек во Болтон, Вестон-супер-Маре и во Шкотска.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top