IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Хрватска: „Лидл“ без пластика за еднократна употреба

06.07.2018
„Лидл" - Хрватска планира да го распродаде веќе е откупеното количеството пластични производи за еднократна употреба, но во иднина нема да има такви производи на нивните полици.

До крајот на 2019 година, „Лидл" - Хрватска планира од својот асортиман да ги исклучи производите од пластика за еднократна употреба.

Во сите 95 објекти на „Лидл" во Хрватска, до крајот на 2019 година повеќе нема да се продаваат производи од пластика за еднократна употреба како чаши, чинии, прибор за јадење и чисталки за уши со пластична дршка, соопштува трговецот.

Тие ќе бидат заменети со алтернативни производи од одржливи материјали што можат лесно да се рециклираат, а за нивниот развој „Лидл" активно соработува со своите доставувачи. 

Со нашата стратегија против пластиката го следиме јасниот пристап кој гласи: да се избегнува - да се намали - да се рециклира. Со отстранување на пластичните производи за еднократна употреба ќе придонесеме за тоа да се избегнува нивното користење и на тој начин да придонесеме за подобрување на актуелната состојба, истакна член на Управата за набавка и маркетинг на „Лидл" - Хрватска, Бојан Вуковиќ.

Тој објасни дека се работи на различни концепти, така што купувачите постепено ќе бидат запознаени со новостите. Постојат повеќе можности, новитети во пакувањето, што во моментов сè уште ги испитуваме, а кои можат да направат голема разлика во зачувување на околината и создавањето нови навики.



Назад
 
 
 
 
back to top