„Лидл" - Хрватска ќе објавува извештаи за различните
категории на производите што се присутни на полиците во нивните супермаркети,
во обид да одговори на сè поголемите очекувања на потрошувачите поврзани со
свесноста за здравата исхрана.
Како што оценуваат од компанијата, и потрошувачите и трговските
синџири сè повеќе бараат гаранции дека производите што ги консумираат или што ги
имаат на своите полици се со проверено потекло.
Програмата за општествено одговорно работење на „Лидл",
насловена „На патот кон утре",
се заснова на тезата дека долгорочниот успех на секоја
деловна активност прави да биде нужно усвојувањето пактики на одржливост.
Целта на „Лидл", како што се наведува, е да придонесе за
одржливост во производството и за свесноста за здравата исхрана, како и да даде
траен придонес за зачувувањето на околината и на добросостојбата на луѓето и на
животните што се вклучени во нејзиниот синџир на вредности.
Во согласност со тоа, „Лидл" - Хрватска почнува со
објавување на извештаи („position paper") за различните категории на своите
производи. Првиот извештај им е посветен на рибата и производите од риба.

Преку оваа практика, поддржувајќи ги начелата на одржлив
риболов, „Лидл" ќе сертифицира дел од своите производи од риба со синиот печат
на Советот за зачувување на морето, MSC (Marine Stewardship Council).
Исто така, до 2025 година, „Лидл" - Хрватска планира сите
јајца од понудата и производите што содржат јајца да бидат произведени со поден
начин на одгледување.