IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Хрватска: Ledo доби халал-сертификат

17.07.2017

„Ледо" е првиот и единствениот производител и дистрибутер на сладоледи во Хрватска, кој го доби сертификатот халал за дел од својот асортиман.

Сертификатот го прими Тања Диниќ, директорка на службата со управување со квалитетот и со околината, а претседателот на управата Дарио Врабец, изјави: Горди сме што Ledo го направи овој значаен чекор и што нашите сладоледи ги задоволуваат халал-стандардите. Имплементацијата на стандардите беше спроведена со максимална посветеност. Со овој сертификат, би сакале нашите производи уште подобро да се пласираат на регионалните и на светските пазари.

Отсега, на амбалажата ќе ја носат ознаката за халал-квалитет следниве сладоледи: Biscottino, Duo, Fruits, Coco, Punč, Snjeguljica, Machovanilija и Macho čokolada.

Како што соопштуваат од компанијата, имплементацијата на халал-стандардите во „Ледо" траела неколку месеци, за да бидат задоволени сите услови за добивање на сертификатот и притоа, била осигурана целосна следливост на сите халал-суровини од влезот, до крајниот чекор на дистрибуција.

Освен халал, компанијата ги има имплементирано и сертификатите: ISO 9001, ISO 14001, ISO 50001, HACCP, IFS, BRC.


Назад
 

        
 
 
 
back to top