IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија: Кроасаните 4U добија интернационален сертификат

20.09.2018
Кроасаните 4U на фабриката „Жито Пром" од Гевгелија добија интернационален сертификат IFS (International Featured Standard) со кој се гарантира врвен квалитет и безбедност на храната. 

Станува збор за сертификат кој е воведен во 2002 година од германската, француската и италијанската трговска асоцијација и е еден од главните инструменти кој им овозможува на прозводителите да извезуваат во земјите – членки на ЕУ. 

IFS е развиен на две нивоа – основно и повисоко. Од компанијата велат дека кроасаните 4U ја добија оценката, повисоко ниво што значи дека производот е направен според критериуми кои се сметаат за повисоки стандарди во индустријата за храна. Добивањето на сертификатот било реализирано преку DNV GL, интернационално акредитиран регистар и асоцијација за класификација чие седиште е во Норвешка.  

IFS е наменет за новиот погон во „Жито пром" во кој се произведуваат кроасаните 4U. Со оглед на тоа дека паралелно на имплементацијата градевме и оспособувавме нов простор, истиот е поставен според барањата на стандардот. Целиот систем е насочен кон заштита на купувачите и овозможување квалитетен и безбеден производ, вели Татјана Танева Новаковска од „Жито пром". 

Овој тип на стандарди често се задолжителен услов од европските компании за да се воспостави соработка. 

Во „Жито пром" во моментов се работи на обезбедување уште еден сертификат, Kosher стандардот кој е особено значаен за да го зголемат извозот. Со овој стандард се гарантира дека храната е погодна или „чиста" за консумирање според еврејскиот верски закон за храна. Законите за „кошер" вклучуваат опсежна легислатива што се однесува на дозволена и забранета храна во неколку аспекти, како и меѓународниот стандард за општествена одговорност BSCI. 

Кроасаните 4U кои засега се продаваат во Холандија, Германија, Полска, Израел, Шведска, Италија, Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Бугарија и Романија. Од компанијата велат дека добивањето на IFS ќе гарантира и влез во многу други држави низ целиот свет



Назад
 
 
 
 
back to top