IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар

12.07.2018
Независните трговци со вино во Велика Британија на својот избор го класифицираа виното „Кратошија" од бербата 2017 на „Тиквеш" меѓу најдобрите 100 вина на британскиот пазар за 2018 година. 

Во коментарот за „Кратошија" судиите наведуваат дека со ова вино се исполнува една од целите на изборот и на независниот вински пазар – да се откријат изненадувачки вина кои ги надминуваат очекувањата и дека иако малку кој чул за ова вино и за неговиот регион, тие биле силно импресионирани од неговиот квалитет, но – не помалку важно – и од неговата вредност.

Главните критериуми за изборот на вината се нивниот квалитет и вински карактер, но секогаш во корелација со нивниот потенцијал за продажба на предизвикувачкиот британски пазар. Сите 21 судии на овој избор се претставници на специјализирани продавници за вино во Велика Британија, а голем број од нив се и вински експерти и професионални вински оценувачи.

„Кратошија" е единственото вино од поширокиот регион кое се најде меѓу победниците на изборот, на кој годинава се пријавија 700 вина. Во изборот учествуваат исклучиво вина кои се продаваат во независни специјализирани продавници за вино на територијата на Велика Британија.



Назад
 
 
 
 
back to top