По анализата на финансиските резултати, „Костко" потврди дека е еден од
најсилните дисконтни синџири во малопродажбата, но од компанијата велат дека
постои оправдана загриженост за иднината на работењето.

Споредбените резултати од продажбата, кои се клучен показател за
работењето, ги надминале прогнозите на аналитичарите во последниот фискален
квартал и донеле приход и заработка повеќе од проекциите на „Вол стрит". Сепак,
вредноста на акциите се намалила за 1%, што е знак дека инвеститорите бараат
уверливи резултати, особено поради разочарувачките бројки што ги остварија „Волмарт",
„Таргет" и „Долар три".
Иако „Костко" во најголем дел останал имун на пазарните освојувачки походи
од „Амазон", „Вол стрит" сепак го поставува прашањето колку долго ќе трае таа
предност. Засега, работењето на трговецот е стабилно и бележи пораст од месец
во месец. „Костко" ја прошири понудата преку интернет и воведе нови опции за
достава, со цел да покаже дека може да ја поддржи и е-трговијата.
Одлуката на „Волмарт" да затвори 63 продавници „Семс клаб",би можела да му
донесе на „Костко" дополнителни приходи во износ од 1,8 милијарди долари.
Извор: www.esmmagazine.com