IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Велика Британија: „Кока-кола јуропиан партнерс“ ќе ја автоматизира технологијата

12.07.2017

„Кока-кола јуропиан партнерс" (Coca-Cola European Partners – CCEP) објави инвестиција од 44,15 милиони евра за тројно зголемување на магацинскиот капацитет во објектот во Лондон.

Автоматскиот систем за складирање и за ракување (АССР), кој е проектиран за автоматски преместувања на 25.000 палети во фабриката „Сидкап", ќе биде подготвен за работа во 2018 година. Компанијата тврди дека инвестицијата ќе овозможи сите производи да се доставуваат директно до купувачите и на тој начин ќе заштеди околу 17.400 километри патен превоз со камиони.

Вложувањето во автоматизацијата следуваше по отворањето на објектите за АССР во производствените локации на CCEP во Едмонтон и во Вејкфилд, кои ќе помогнат за понатамошна ефикасност и за намалување на јаглеродниот диоксид.

Новото складиште АССР е значајно за вложувањето во одржливото производство на CCEP и ни овозможува да ги истражиме и да ги имплементираме најновите производствени технологии за зголемување на ефикасноста во сите операции, изјави Тревор Стејси, директор за производство во фабриката „Сидкап".

Минатата година капацитетот за производство на лименки во таа фабрика беше зголемен двојно, откако беа вложени 18,8 милиони евра за нова производствена линија.


Назад
 

 
 
 
back to top