IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Свет: „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба

15.02.2018

Производителот на безалкохолни пијалаци „Кока-кола ХБЦ" објави зголемена продажба и профит за 2017 година, за што придонеле порастот на волуманската продажба и зголемените цени, пренесува „Ројтерс".

Од компанијата, чии пијалаци се продаваат во 28 земји, главно во Европа, соопштија дека минатата година продажбата се зголемила за 4,9% на 6,5 милијарди евра. Ако се исклучат девизните флуктуации, продажбата се зголемила за 5,9%, за што придонел и порастот на волуменската продажба од 2,2%.

Споредливата добивка пред каматата и даноците се зголемила за 20% на 621 милиони евра, а по акција – за околу 27% на 1,23 евра, што е значително над очекувањата на аналитичарите.

Хрватот Зоран Богдановиќ, кој во декември минатата година, по смртта на Димитрис Лоис, ја презеде функцијата главен извршен директор на „Кока-кола ХБЦ", изјави дека има силни планови за производствени иновации и комерцијална активност за годинава, а минатата 2017 година истакна дека била исклучителна.


Назад
 

 
 
 
back to top