IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Полска: „Кофола“ ја купи „Премиум роса“

14.07.2017

Чешката групација „Кофола" потпиша договор за купување на полскиот производтел на сирупи, 100% природни сокови и џемови, „Премиум роса", како резултат на сè поголемата побарувачка за здрава храна

Полската „Премиум роса" е перспективна фирма, која моментално бележи двоцифрен пораст на продажбата. Асортиманот на компанијата опфаќа два бренда – Premium Rosa и Nasze Domowe од сегментот премиум производи (сирупи, 100% природни сокови и џемови). Станува збор за висококвалитетни производи, направени од природни состојки со помош на традиционални рецептури.

Производите на „Премиум роса" може да се најдат во продавниците и во супермаркетите во Полска и надвор од неа, па дури и во далечните земји, како што е Јужна Кореја.

Мило ни е што „Кофола" е новиот сопственик, бидејќи тоа е компанија што ги цени довербата, партнерството и традицијата на ентитетите со кои управува. Затоа е и способна да ги развива, вели Томаш Товпик, еден од сопствениците на „Премиум роса".

Јури Власак, член на управата на „Кофола" има високи очекувања од аквизицијата: Уверени сме дека преземањето е извонредна можност за нашата компанија да ја прошири понудата, и тоа не само на полскиот пазар.

Назад
 

        
 
 
 
back to top