IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

Македонија: „Колид с тим“ ексклузивен увозник и дистрибутер на „Беље“

10.01.2018
Од почетокот на годинава „Колид с тим" е ексклузивен увозник и дистрибутер на производите од програмата „Беље" и на познатиот бренд сирни намази ABC.

Како што изјавија од компанијата за InStore соработката со „Агрокор" почна одамна, со влез на нивниот бренд Sunday во маркетите „Конзум" и „Меркатор". Оттаму произлегла понудата „Колид с тим" да ја преземе дистрибуцијата на производите на „Беље", компанија која е дел од „Агрокор" од 2005 година.

Имавме понуда од порано, но не бевме подготвени да ја прифатиме поради широкото портфолио што го има нашата дистрибуција. Со отворањето на нова, четврта дивизија, се отвори простор за вклучување и на производите на „Беље", изјавија од „Колид с тим".

Склучениот долгорочен договор со „Беље" подразбира целосно нови стратегии за маркетинг и продажба во однос на досегашните.

Нашите очекувања се во согласност со очекувањата на принципалот, т.е причината поради што е извршена промената на дистрибутерот, енормно зголемување на продажбата на производите на „Беље" на македонскиот пазар, истакнуваат од компанијата.



Назад
 

 
 
 
back to top