IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 24.04.2018 || Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |   ||
   

Србија: „Казино“ се повлекува од српскиот пазар

20.03.2017

Компанијата „Содибал", која е носител на франшизата на француската групација „Казино" на Балканот, го затвори и вториот супермаркет во Белград, кој работеше под банерот „Лидер прајс".

Со затворањето на овој супермаркет, француската групација повеќе не е присутна на српскиот пазар. Првиот малопродажен објект – маркетот „Казино", беше затворен на почетокот од 2016 година и на неговото место подоцна се „всели" маркетот „Шоп & гоу".

На почетокот од 2013 година, „Содибал" го најави партнерството со групацијата „Казино" преку франшиза. Истата година во ноември, на улицата Облиќев венац беше отворен првиот маркет на површина од 200 квадратни метри. На отворањето, менеџментот најави проширување и во другите градови во Србија, но и во земјите во регионот. По повеќе од една година, компанијата го отвори и супермаркетот „Лидер прајс" на улицата Илија Гарашанин, на продажна површина од 500 квадратни метри.

Србија беше единствената земја во Југоисточна Европа, во која работеше „Казино". Во соработка со партнерите, француската групација има силна експанзија во Азија.

За групацијата

„Казино" е голем дистрибутер, специјализиран за продажба на (не)прехранбени производи, кој работи преку мрежа хипермаркети, супермаркети, помали продажни објакти, како и преку е-трговија во Франција и низ целиот свет. Компанијата почна со работа во 1898 година, а во 1901 година, групацијата го комерцијализираше својот бренд „Казино". Денес, асортиманот го сочинуваат повеќе од 10.000 артикли, од кои, повеќе од 6.000 се прехранбени производи.



Назад
 

 
 
 
back to top