IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.10.2017 || Очекувајте го октомврискиот број на InStore   |  ССК прогласен за шампион за мал бизнис  |  Е-продажбата ќе надмине 1 трилион долари до 2027 година  |  Наскоро „Шпар“ ќе го отвори стотиот објект во Словенија  |  „Универекспорт“ отвори сопствен дистрибутивен центар  |  Сè поголем извозот на рускиот пазар  |  „Синагога“ со значително зголемени приходи  |  Отворен логистички центар на „Воли“  |  „Кауфланд“ ги зголемува платите за 11%  |  140 години работење на „Мирна“ од Ровињ  |  „Винаг“ продаден за речиси 2 милиони евра  |  Најбитно е да имате добра идеја   |  Увоз на храна во вредност од 101 милијарда евра  |  Дрон што ќе ги полни електричните автомобили во движење  |  Детали за преземањето на „Дониа“  |  Ајварот Perustija – достапен и на домашниот пазар  |  Скопје во центарот на бизнис-настаните во ЈИЕ  |  Огромен интерес за производите на „Макпрогрес“ на „Ануга“  |  „Алибаба“ ќе инвестира 15 милијарди долари во логистика  |  Црква ќе ги враќа верниците со црковно пиво  |   ||
   

Романија: „Кауфланд“ лансира нов концепт на трговски објекти

09.08.2017

„Кауфланд" - Романија лансира нов концепт на трговски објекти, со амбиција да создаде ново купувачко искуство во земјата, а своите трговски објекти да ги претвори во „повеќе од хипермаркет".

Како што јави „Јуропијан супермаркет магазин", компанијата го подготвува првиот објект во кој како новитет ќе има оддел за храна и простор за купување однадвор, заснован на идејата на отворен мол.

Во одделот за храна ќе има голем избор на ресторани и кафеа како Stradale, Mitzu Café, Salad Box, Noodle Pack, Thai Scoops и Tip Top, а наскоро се очекува да им се придружи и ресторан од американската франшиза Subway. Во истиот оддел ќе бидат сместени и две непрехранбени зони, со фармацевтски производи и списанија.

Надвор од објектот, во паркинг зоната, продажната галерија ќе биде проширена со продавници за уредување на домот

Првата реновирана трговска галерија е во Букурешт, а концептот постепено ќе се проширува и кон други објекти од мрежата на компанијата.

Ваквиот чекор е дел од процесот што го почна „Кауфланд" за реосмислување на купувачкото искуство во Романија, со желба на купувачите да им понуди повеќе од  хипермаркет. Меѓу поновите иницијативи, беше и создавањето урбани градини на покривите од нивните трговски објекти и лансирањето сезонски летни продавници во бањскиот центар Совата.


Назад
 

        
 
 
 
back to top