IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Европа: „Карфур“ и „Теско“ се здружуваат во стратешки сојуз

03.07.2018

Францускиот трговски синџир „Карфур" и британскиот „Теско" ги најавија плановите за тригодишно партнерство, кое се верува дека позитивно ќе се одрази на нивната понуда и на цените.

Договорот формално ќе биде потпишан во текот на следните месеци и со него ќе бидат дефинирани точните услови за соработка. Се очекува партнерството првенствено да биде фокусирано на заедничката набавка на брендираните производи, како и на размената на стоките.

Претставници од двата трговски синџира нагласуваат дека главната цел на соработката е унапредување на квалитетот и квантитетот на понудата.

Веруваме дека со соработката и размената на искуства и стручност ќе успееме да го подобриме работењето, од кое на крај, најмногу ќе профитираат потрошувачите, изјави Дејв Луис, извршен директор на „Теско".

Портпаролката на истиот синџир нагласи дека партнерската соработка ќе се темели на принципот „чисто работење", односно дека едната страна нема да има увид во ценовно чувствителните информации на другата, и обратно.

Соработката со „Карфур" е првата соработка од тој тип на еден британски трговски синџир. Нивното партнерство беше најавено само неколку дена откако француската групација „Казино" најави соработка со германски „Метро".

„Карфур" и „Теско" се вториот, односно третиот најголем малопродажен трговец во Европа според вкупниот промет. Пред нив е „Шварц груп".


Назад
 

 
 
 
back to top