IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Балкански „Фестивал на сирења“ во Белград   |  Сè повеќе тестирања за безготовинско плаќање  |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |   ||
   

Свет: „Кампари“ го купува „Биски Дибуше“

09.01.2018

Италијанскиот производител на пијалаци „Кампари" објави дека потпишал договор за купување на францускиот производител на коњак „Биски Дибуше" за 52,5 милиони евра.

Договорот, во кој се вклучени инвентарот, брендовите и целото производство, би требало да биде затворен во текот на првиот квартал годинава.

Брендовите на „Биски Дибуше" засега се продаваат во Јужна Африка, Белгија и во Швајцарија.

Многу сме задоволни со овој потег, бидејќи купувањето на „Биски Дибуше" ќе ни овозможи понудата да ја прошириме и во категоријата премиум коњак, која забележува сè поголем пораст. Со аквизицијата стекнуваме солидни залихи на висококвалитетен коњак и го преземаме целиот процес на негово стареење, што отвора можност за иновирање на брендот во иднина, изјави Боб Кунзе-Концевиц, извршен директор на групацијата „Кампари".

Што се однесува до дистрибуцијата, тој додава дека групацијата ќе продолжи да работи на зајакнување на постојните пазари, особено на неодамна освоениот во Јужна Африка, со стратегија за развој на бизнисот на нови, меѓународни пазари.

Групацијата „Кампари", која е напозната по брендовите Aperol, Campari, Wild Turkey и Grand Marnier, во првите три квартали од 2017 година остварила пораст на приходите од 8,1%, а продажбата достигнала до 1,27 милијарди евра.

Изворwww.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top