IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Свет: Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“

16.04.2018

„Бајер" се согласил да го продаде бизнисот со семиња и заштитни средства на германската хемиска компанија БАСФ.

Минатиот вторник, цените на акциите на „Бајер" скокнаа за 5%, по објавата дека американскиот регулатор за пазарна конкуренција ќе му даде дозвола за спојувањето со „Монсанто".

Според наводите на „Вол стрит журнал", кој се повикува на упатени извори, Министерството за правда на САД постигнало договор со „Бајер" и со „Монсанто", откако двете компании се согласиле да продадат дополнителни средства. Аналитичарот Маркус Мајер за „Ројтерс" вели дека отстапките што ги бара американскиот регулатор не се многу поголеми од тие на Евроспката комисија.

Одобрението на американскиот регулатор за пазарна конкуренција се смета за клучен во процесот на соединување на двете компании, кој е вреден околу 66 милијарди долари.

Во септември минатата година, „Монсанто" ја прифати понудата на „Бајер" за купување акции во вредност од 57 милијарди долари и преземање долг од 9 милијарди долари. Од „Бајер" нагласуваат дека се надеваат оти процесот на спојување ќе биде заокружен во вториот квартал годинава. Со оглед на меѓународната доминација на двете компании, договорот за спојувањето ги загрижува земјоделските здруженија и еколошките организации насекаде во светот.


Назад
 

 
 
 
back to top