IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија/Русија: Извозот кон Русија зголемен за 10,6%

16.02.2018

Извозот на македонски производи во Руската Федерација во 2017 година се зголемил за 10,6 отсто, а пораст бележи и вкупниот обем на трговската размена меѓу двете земји, соопшти Македонско-руската стопанска комора.

Двете земји во 2017 истргувале стоки во вредност од околу 162 милиони евра (202,6 милиони американски долари), за 5,6 отсто повеќе во споредба со 2016 година, кога размената изнесувала околу 153 милиони евра (191,9 милиони американски долари).

Притоа, македонските компании на рускиот пазар пласирале стоки во вредност од околу 42 милиони евра, што е за 10,6% повеќе во споредба со претходната година, кога биле извезени производи во вредност од околу 39 милиони евра.

Во истиот период, забележан е пораст и на увозот во Македонија на производи од Руската Федерација за 3,9 отсто, со вкупна вредност од 118,5 милиони евра (114 милиони евра во 2016).

Со вкупното тргување, трговскиот дефицит на страната на Македонија бил намален, но и понатаму е висок и во 2017 изнесувал 75 милиони евра.

Македонските компании во Русија најмногу извезвуале производи од земјоделскиот и од прехранбениот сектор, а од Руската Федреација најмногу се увезувале енергенси.


Назад
 
 
 
 
back to top