IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

Велика Британија: „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок

06.12.2017

Трговскиот синџир „Ист оф Ингланд ко-оп" ќе биде првиот голем трговец, кој ќе продава прехранбени производи со поминат рок на траење.

Синџирот, кој има 125 продажни места во источниот дел на Англија, ќе продава сушена храна и конзервирани производи, вклучувајќи тестенини, чипс и ориз, за само 10 пени. Во асортиманот со поминат рок на траење, не е вклучена свежата храна.

Оваа практика, „Ист оф Ингланд ко-оп" ја претставил во сите 125 продавници, по успешното тримесечно тестирање во 14 продавници. Целта на иницијативата, која ќе биде придружена со маркетинг-кампања, е да се намали фрлањето храна.

Советодавното тело за отпад и за рециклирање, оценило дека тој потег е во согласност со стандардите за безбедност на храната.


Назад
 
 
 
 
back to top