IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија: „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј

20.04.2017

„Империал тобако ТКС" ја одбележува 15-годишнината од постоењето на македонскиот пазар со инвестирани 33 милиони евра за модернизација на производствениот процес и со зголемен капацитет на производство.

Компанијата, која е најголем производител на македонскиот пазар, извезува 42,6 отсто од вкупното производство во Русија и на пет пазари во регионот – Словенија, Хрватска, БИХ, Србија и Албанија. Од „Империал тобако ТКС" соопштуваат дека годинава планираат само извозот на рускиот пазар да достигне до 30 отсто од производството.

Долгорочниот развој на нашата индустрија игра значајна улога во стабилноста, одржливоста и во планираниот развој на македонската економија. За развојот, важни се докажани и долгорочни партнери на домашната економија, кои континуирано инвестираат и имаат посветен и одговорен однос во работењето. Решени сме таа улога да ја задржиме и да ја унапредуваме во иднина, изјави Пиа Барборич Јурјашевич, претседателка на Управниот одбор на „Империал тобако" за Јадранскиот Регион.

На групациско ниво, „Империал тобако" традиционално купува македонски тутун. Минатата година биле откупени 1.924 тони, од кои, дел биле искористени за производство на брендовите произведени во Македонија. Од компанијата откриваат дека годинава, во план е зголемување на откупените количества македонски тутун за 8,7 отсто.

Во „Империал тобако ТКС" вработени се речиси 200 луѓе, а се произведуваат шест брендови цигари за домашниот пазар, кои имаат околу 60 отсто удел на пазарот.


Назад
 

 
 
 
back to top