IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 17.01.2018 || „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |  Нови инвестиции и зголемена добивка на „Витаминка“ во 2018  |  Работењето на „Агрокор“ бележи позитивни резултати  |  Diet Coke со 4 нови вкусови и со поинаков изглед  |  „Млинотест“ наскоро со нова фабрика  |  „Карлсберг БХ“ официјален дистрибутер на пивото Erdinger   |  „Молсон корс“ го купува „Аспал“  |  Пораст на продажните цени на индустриските производи во ноември  |   ||
   

Македонија: Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот

12.12.2017

Компанијата увозник за производите на францускиот производител „Лакталис" го повлече од пазарот во Македонија производот храна за доенчиња Celia Expert 2, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Агенцијата соопшти дека од компанијата увозник добила известување дека од пазарот превентивно бил повлечен производот Celia Expert 2 со сериски број 17Ц0012838.

Во дописот од увозникот било наведено дека серијата од производот е здравствено и микробиолошки исправна и во согласност со законските прописи во земјата производител и во земјата увозник, а со испитувањата на Агенцијата било потврдено дека сите серии од производот што се пласирани на пазарот во Република Македонија се микробиолошки исправни.

Според увозникот, одлуката за повлекување на производот била донесена како мерка на претпазливост, да се одбегне создавањето паниката  и како мерка за заштита на потрошувачите по повлекувањето на производите на „Лакталис" од пазарот во Франција. 


Назад
 

 
 
 
back to top