IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Германија: „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот

14.05.2018

Компанијата „Хенкел" оствари позитивни резултати во првиот квартал годинава и покрај потешкотиите во испораката на FMCG-производите во Северна Америка.

Забележавме органски пораст на продажбата и продолжуваме со порастот на коригираната маржа ЕБИТ. Ја подобривме коригираната заработка по приоритетни акции, и покрај негативните валутни движења, истакна Ханс ван Бајлен, генерален директор на компанијата, кој додаде: Врз основа на резултатите, ја потврдуваме прогнозата за фискалната 2018 година и остануваме посветени на континуираниот органски пораст.

Во првиот квартал од 2018 година, продажбата достигнала до 4,8 милијарди евра, а негативните валутни флуктуации влијаеле на продажбата со 8,6%. Органската продажба, која не го вклучува влијанието на валутните движења и на аквизициите, забележала пораст за 1,1%, додека придонесот од преземањето и продажбата на уделот, достигнал до 3%. Кога станува збор за номиналниот пораст, продажбата забележала пад од 4,5% во однос на минатогодишното квартално ниво.

Поради валутните движења што имаа негативно влијание од 6,2%, приспособениот оперативен профит (ЕБИТ) достигнал 842 милиони евра, што е за 1,4% помалку во споредба со првиот квартал од 2017 година. Коригираниот приход од продажба, се зголемил за 0,5 процентни поени на 17,4%, додека коригираниот принос по приоритетна акција (ЕПС) се зголемил за 1,4%, односно од 1,41 евра на 1,43 евра.

Во поглед на органскиот пораст, во првиот квартал годинава бизнис-секторот детергенти и средства за чистење забележал благ пад на продажбата од 0,7%, а коригираниот оперативен профит изнесувал 291 милион евра, за 2,5% помалку во споредба со првиот квартал минатата година. Во секторот производи за нега и убавина, органската продажба се намалила за 4,3% во првиот квартал, а во поглед на номиналното движење, продажбата остварила резултат од 965 милиони евра. Бизнис-секторот атхезиви и технологии забележал силен пораст на органската продажба од 4,7%, додека номиналниот пораст на продажбата изнесувал 2,27 милијарди евра, во споредба со 2,29 милијарди евра во минатогодишниот квартал.

Во текот на годинава, „Хенкел" очекува пораст на органската продажба од 2 до 4% во бизнис-секторите атхезиви/технологии и детергенти/средства за чистење, додека за секторот за нега и убавина, очекува пораст меѓу 0 и 2%. За коригираниот приход од продажбата (ЕБИТ), „Хенкел" очекува зголемување за повеќе од 17,5%, за што очекува дека ќе придонесат сите три бизнис-сектори. Компанијата очекува и пораст на коригираниот принос по приоритетна акција од 5 до 8%.


Назад
 

 
 
 
back to top