IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Велика Британија/Холандија: „Хајнекен“ се отвора кон британскиот пазар за безалкохолно пиво

20.03.2017

Компанијата „Хајнекен" е решена да го освои британскиот пазар на безалкохолно пиво со брендот Heineken 0.0, по охрабрувачките податоци од истражувањата што ги направиле истражувачките куќи ИПСОС и Дејвис МекКер.

Пивото на пазарот ќе биде поддржано маркетиншки буџет од околу 3 милиони евра, кој ќе треба да одговори на клучните пречки за консумирањето пива од оваа категорија: доживувањето на вкусот и предрасудите во опкружувањето, соопшти компанијата.

Heineken 0.0 е создадено како производ кој треба да одговори на намалениот интерес на потрошувачите кон консумирањето пијалаци што содржат алкохол.

Истражувањата покажале дека 50 отсто од луѓето сега велат дека водат сметка за своето консумирање алкохол, но само 47 отсто од купувачите се задоволни со постоечката понуда на безалкохолно пиво на пазарот во Велика Британија. Мнозинството од консументите изјавиле дека очекуваат во понудата за оваа категорија да влезе светски премиум бренд со производ што ќе има подобар вкус.

Шише Heineken 0.0 содржи 69 калории и нуди освежителни овошни ноти и меко сладникаво тело, урамнотежени со кус задоцнет вкус.

Сакајќи да постигнеме високо ниво на продажба, Heineken 0.0 ќе работиме и со постоечките консументи на пиво, но и да стекнеме нови потрошувачи во категоријата, привлекувајќи ги младите консументи кои се свесни за своето здравје, пијат помалку или сосема апстинираат. Ќе понудиме пиво со одличен вкус, од бренд со кој ќе бидат горди да бидат видени, вели Дејвид Лет, директор за премиум брендови во „Хајнекен".

Heineken 0.0 ќе биде достапен во две различни пакувања, наменети да одговорат на две клучни пригоди: пакет шишиња 4х330 ml за „планирани социјални пригоди" и пакет лименки 6x330 ml за „лежернo ноќно дружење во затворен простор".


Назад
 

        
 
 
 
back to top