IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Балкански „Фестивал на сирења“ во Белград   |  Сè повеќе тестирања за безготовинско плаќање  |  Украински милијардер ја купи „Перутнина Птуј“  |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |   ||
   

Мозамбик: „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра

12.12.2017

Компанијата „Хајнекен" почна со изградба на својата прва пиварница во Мозамбик, во која ќе вложи 85 милиони евра.

Погонот ќе биде лоциран во покраината Мапуто, а фабриката со капацитет од 0,8 милиони хектолитри, ќе произведува пиво за домашниот пазар. Од компанијата откриваат дека фабриката ќе почне со работа во првата половина од 2019 година и ќе отвори нови 200 работни места.

Холандскиот пивски гигант со своите активносто во Мозамбик почна во 2016 година, кога биле отворени канцелариите за продажба и за маркетинг, односно кога во земјата биле увезени пивата Heineken, Amstel и Sagres.

Од „Хајнекен" нагласуваат дека фабриката ќе бидеголем чекор напред за сите планови поврзани со тој пазар. Мило ни е што влегуваме во Мозамбик, каде што гледаме ветувачка долгорочна економска прогноза. Инвестирањето во нов пазар, ги поддржува амбициите на „Хајнекен" во намерата да стане прв или силен втор играч на сите пазари, каде што е присутен, рече Будевин Харзма, директор за Источна и за Западна Африка во пиварницата.

Групацијата „Хајнекен" во третиот квартал од финансиската година забележа органски пораст на продажбата за 2,5%, кој беше поттикнат од единиците од Африка, Европа и од Средниот Исток, чијшто пораст изнесуваше 8,8%.


Назад
 
 
 
 
back to top