IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Мексико: „Хајнекен“ го отвори својот енергетски најефикасен погон

01.03.2018

„Хајнекен" го отвори новиот производствен погон во вредност од 500 милиони евра во градот Меоки, во мексиканската држава Чивава.

Новиот погон, кој е седми по ред во Мексико, има производствен капацитет од 6 милиони хектолитри годишно и во него ќе сее произведуваат некои од водечките брендови, како што се Tecate, Dos Equis и Heineken за мексиканскиот пазар, но и за некои извозни пазари.

Од компанијата истакнуваат дека погонот во Меоки е една од најголемите и најзелени глобални пиварници на „Хајнекен" и дека ја претставува посветеноста на компанијата на одговорното работење и на заштитата на животната средина. Енергетски најефикасниот погон на пивскиот гигант ќе користи само 2 литри вода за секој произведен литар пиво. Производството во новата пиварница ќе се одвива според циркуларниот економски принцип, со 100% обновлива електрична енергија и со третирање на отпадните води.

Претходната недела, компанијата соопшти дека веќе ја надминала целта за намалување на емисијата на јаглероден диоксид до 2020 година, три години пред планираниот рок. Компанијата ги објави резултатите од работењето во фискалната 2017 година, според кои, забележаниот пораст на приходите изнесува 5%.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top