IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Русија: „Х5 ритеил“ интензивно ја развива е-трговијата

09.03.2018

За поефикасно справување со интернет-нарачките, руската малопродажна групација „Х5 ритеил" најави отворање на две нови складишта до крајот на годинава, за кои планира да вложи од 60 до 70 милиони рубли (од 856.000 до 998.000 евра).

Складиштата во Москва и во Санкт Петербург ќе бидат од форматот наречен „dark store" (продавница во сенка) – голем објект што наликува на конвенционален маркет, но е затворен за јавноста и се користи исклучиво за нарачките преку интернет. Од групацијата порачуваат и дека интензивно ќе работат на проширување на продажбатаа преку интернет.

Синџирот супермаркети „Перекресток" на Х5, почна со е-трговија во април минатата година во главниот руски град и компанијата очекува дека таа единица ќе ѝ донесе 2% од вкупниот приход во следните три години.

Силната стратегија за проширување на групацијата ѝ донесе 2.934 нови продавници минатата година, за во декември да го отвори јубилејниот 12.000-ти продажен објект. Како резултат на експанзијата, минатата година беа отворени и бројни нови дистрибутивни центри и складишта во Москва, Орел, Оренбург, Перм, Екатеринбург и во Новосибирск.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top