IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 24.04.2018 || Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |   ||
   

Русија: Х5 потпишува договор со Центросојузот

21.04.2017

Водечкиот руски трговец – „Х5 ритеил груп", најавува потпишување договор за соработка со Централната заедница на потрошувачките здруженија на Руската Федерација (Центросојуз).

Партнерството ќе го поттикне развојот на малопродажбата во руските региони, поддржувајќи ја и општествената работа на Х5. Во соработка со потрошувачите и со Центросојузот, трговецот ќе осигури достава на квалитетни производи по поволни цени во оддалечените рурални области. Петгодишниот договор би можел да резултира со отворање на нови 1.000 продавници под банерот „КООП-Питерочка", во првите три години од проектот, соопштуваат од компанијата.

Во соопштението се наведува дека продавниците ќе бидат отворени во постојните објекти на кооперантите на Центросојузот, односно, тие ќе бидат реновирани и проширени. Проектот се планира да се спроведува преку франшизи. Кооперантите, во соработка со локалните заедници, ќе ги одберат малопродажните објекти, ќе ја усовршат администрацијата и ќе развиваат модерни малопродажни формати.

Како што е наведено, примарниот фокус на партнерството меѓу Х5 и Центросојузот е создавање на сеопфатна понуда на производи и услуги, кои се приспособени кон потребите на локалните потрошувачи.


Назад
 

 
 
 
back to top