IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија

23.04.2018

Претставници на белгиската компанија за трговија со овошје и зеленчук „Гринјард", чии комитенти се водечките европски трговски синџири, идната недела ќе престојуваат во Македонија.

Според најавите за посетата, компанијата веќе две години е во комуникација со неколку македонските компании што пројавиле интерес за извоз на овошје и зеленчук преку дистрибутивната мрежа на „Гринјард".

Со „Гринјард" комуницираме веќе две години. Кај нив однесовме неколку наши компании, да се запознаат со условите на доставување на овошјето и зеленчукот, од аспект на квалитет, пакувањето и времето за достава и најавената посета ќе биде во таа насока, вели Татјана Марковска, претсатвничка на канцеларијата за економски развој на УСАИД во Македонија,

„Гринјард" е една од водечките светски компании за трговија со свежи, замрзанти и преработени овошје и зеленчук, со годишен промет од 4,25 милијарди евра и повеќе од 9.000 вработени во 25 земји низ светот.

Компанијата е создадена со здружување на компаниите „Унивег", „Гринјард фудс" и „Пеатинвест" во 2015 година и е присутна на пазарите во Европа, Северна и Јужна Америка, Азија, во Јужна Африка и во Нов Зеланд.


Назад
 
 
 
 
back to top