IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Велика Британија: Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“

23.11.2017

„Теско" извести дека за една година, продажбата на приватните трговски марки се зголемила за 4,6% и достигнала речиси 50% од вкупната продажба.

Порастот е поттикнат од засилениот развој на нови производи. „Теско" лансираше 807 нови линии во првата половина од годинава. Новото портфолио вклучува малечки авокада, зеленчук со забавни облици за деца и локално произведени пива. Во непрехранбениот сегмент, трговецот има две нови приватни марки: кујнскиот прибор Go Cook (ножеви, кујнски прибор и садови за готвење) и Fox & Ivy (предмети за домаќинството).

„Теско" може да ја добие довербата и да инвестира и понатаму во приватни трговски марки по успехот на неговите брендови Farms, пренесува магазинот „Ритеил вик". Седумте брендови свежо овошје, зеленчук, месо и живина, кои трговецот ги лансираше во 2016 година, за подобро да се бори против дисконтерите, сега имаат удел од 70% во кошницата на потрошувачите.

Британскиот трговец почна и со голема промена во начинот на соработка со своите 8.000 доставувачи за да изгради долгорочни односи и да привлече повеќе од волуменскиот удел. Дејв Луис, извршен директор на компанијата, соопшти дека 95 од неговите доставувачи забележале пораст на волуменската продажба за повеќе од 100% за една година (заклучно до мај годинава). Други 185 доставувачи забележале волуменски пораст од повеќе од 50%, а уште 330 се изјасниле дека обемот на стока што се продава во„Теско" е зголемен за најмалку 25%.

Имаше одреден период во „Теско" кога стратегијата за преговори беше да имаме што повеќе доставувачи. Избравме да го промениме тоа кога дојдов, да побараме помал број доставувачи на подолг рок и да се обидеме да го подобриме бизнисот заедно. Тоа го правиме и со малите и со големите снабдувачи, изјави Луис.


Назад
 
 
 
 
back to top