IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Словенија: „Фриголого“ ќе соработува со „Љубљанске млекарне“

14.06.2017

„Љубљанске млекарне" е новиот деловен партнер на „Фриголого", водечката словенечка компанија за транспорт и за складирање храна и пијалаци во услови со контролирана температура. Засега соработката ќе се однесува на складирање сладоледи во новиот логистички центар на „Фриголого" во трговската зона „Коменда".

Со преместувањето во новиот логистички центар, на почетокот од годинава, „Фриголого" доби десеткратно поголем капацитет на складиштата за замрзнати прехранбени производи, со вкупно 2.500 палетни места за складирање замрзнати стоки. Со последниот зафат, вкупниот капацитет на складиштата бил зголемен двапати.

Нашиот центар овозможува регулирање на режимот на температурата од минус 25 до 4 Целзиусови степени, што прави наши клиенти да бидат и компании кои имаат потреба од различни температурни режими. Горди сме што помеѓу многуте ценети деловни партнери, ни се приклучи и „Љубљанске млекарне", изјави директорот на „Фриголого", Алеш Ерчуљ.

За нашата одлука за соработка со „Фриголого" влијаеше нивното долгогодишно искуство, како и квалитетот на комплетните логистички услуги, кои се особено важни за одржување на квалитетот на нашите замрзнати производи, вели Тина Просен, директорка на „Љубљанске млекарне".


Назад
 

 
 
 
back to top