IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија: Формирана асоцијација за равој на е-трговијата

12.02.2018

На иницијатива на неколку субјекти што се на различни начини поврзани со тргувањето преку интернет, деновиве беше промовирана неодамна формираната Асоцијација за електронска трговија на Македонија (АЕИТ).

Асоцијацијата, како што беше речено на промоцијата, има цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе за надминување на пречките за нејзиниот развој и да придонесе за проширување на знаењето за електронската трговија, вклучувајќи ги и придружните дејности и технологии.

Основачи на АЕИТ се сервисот за групно купување „Групер", Бизнис конфедерацијата на Македонија, адвокатската канцеларија „Станковиќ и Јошевска", порталот Bankarstvo.mk и друштвото за копјутерски консултантски услуги „ММ Дисоски".

Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни, вели Нина Ангеловска, ко-сопственик и директор на сервисот за групно купување „Групер" и консултант за e-бизнис и е-трговија во „Македонски Телеком", која беше избрана за претседател на АЕИТ.

Како прв проект од своето работење, Асоцијацијата ќе изработи сеопфатна анализа за состојбата со електронската трговијата во Македонија, која ќе биде презентирана на крајот од март, заедно со програмата за работа на асоцијацијата.

Назад
 
 
 
 
back to top