IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

Македонија: Фондот за иновации избра 32 проекти што ќе ги финансира

13.07.2017

Вкупно 32 од 59 проекти беа селектирани во следната фаза од четвртиот повик за финансирање на старт-ап компании и за комерцијализација на иновации на микро, мали и средни претријатија, што го распиша Фондот за иновации.

Речиси половина од претселектираните предлог-проекти се од областа на информатичките и комуникациските технологии, а застапени се и проекти од областа на маркетингот, прехранбената индустрија, производството, образованието, трговијата на големо, спортот, забава и рекреација и управувачките дејности.

Од Фондот најавуваат дека во текот на следните денови, нивни претставници ќе спроведат теренски посети кај дел од апликантите за да се сретнат со менаџментот, да се направи увид на терен и да се обезбедат дополнителни информации за проектите. Последната недела од јули, претприемачите чиишто проекти биле претселектирани, ќе може да ги претстават пред Комитетот за одобрување на инвестиции при Фондот. До 28 јули ќе бидат избрани проектите што ќе добијат финансирање, а до септември се очекува да се потпишат договорите и да се почне со имплементација на проектите.

Сите апликанти што не беа претселектирани ќе добијат препораки за подобрување на предлог-проектите од Комитетот за одобрување на инвестиции и ќе имаат можност повторно да поднесат предлог-проект на следниот отворен повик, во последниот квартал годинава, се наведува во соопштението од Фондот.

За четвртиот повик за финансирање на 15 старт-ап компании и за 10 проекти за комерцијализација на иновации на микро, мали и средни претпријатија, обезбедени се 1.450.000 евра со поддршка на Светска банка.


Назад
 

        
 
 
 
back to top