IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Италија: „Фереро“ најавува ново раководство

13.04.2017

За зајакнување на компетитивната положба на пазарот на чоколада и на слатка програма на глобално ниво, како и за забрзување на динамиката на порастот, групацијата „Фереро" одлучи да постави ново раководство.

Генералниот директор на групацијата – Џовани Фереро, ќе ја преземе улогата на извршен претседател од 1 септември 2017 година. Како што се наведува, тој групацијата ќе ја води фокусирајќи се на долгорочни стратегии, нови бизнис-насоки и иновации, а истовремено, ќе го осигури и континуитетот на културата и на вредноста на компанијата.

За да овозможи остварување на бизнис-целите на групацијата, „Фереро" одлучи да именува и главен извршен директор, функција, која од 1 септември годинава, ќе ја преземе Лапо Чивилети, интерен раководител со значајни достигнувања во компанијата.

„Фереро" ја почна својата приказна во малото италијанско гратче Алба во Пиемонт, во 1946 година. Денес, со консолидиран промет од повеќе од 10 милијарди евра, групацијата е еден од лидерите на пазарот на слатки и на чоколадни производи.

Групацијата „Фереро" е присутна во повеќе од 53 земји во светот, има 22 производствени погони, а во неа работата 41.000 луѓе. На почетокот од 2015 година, групацијата ја основаше „Фереро хазелнат компани", која вклучува шест земјоделски друштва и осум производствени погони. Производите на „Фереро", како што се Nutella, Ferrero Rocher, Raffaello, Tic Tac и Kinder, се продаваат во повеќе од 170 земји.


Назад
 

        
 
 
 
back to top