IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Свет: „Ероски“ ги намали загубите

15.06.2017

„Ероски" објави помала нето-загуба за минатата фискална година, благодарение на активностите за подобрување во синџирот на снабдување, и покрај тоа што продажбата останала на речиси исто ниво.

До 31 јануари годинава, групацијата забележала загуба од 22,8 милиони евра, најмногу поради новиот даночен систем, кој стапи на сила во декември минатата година. Резултатот, всушност, значи подобрување од 63 отсто во однос на претходната година.

Во меѓувреме, профитот пред оданочувањето се зголемил за 97 отсто на 39,9 милиони евра, оперативниот профит се зголемил за 20 отсто на 128 милиони евра, а продажбата (без ДДВ), останала непроменета на 5,29 милијарди евра.

Од „Ероски" велат дека во текот на годината вложиле 87 милиони евра за реновирање на дел од продавниците, а друг дел од нив, ги претвориле во форматот „Контиго".

Зајакнувањето на програмата за лојалност, која минатата година на потрошувачите им понуди персонализирана заштеда од околу 260 милиони евра, беше еден од главните двигатели за резултатите на групацијата, истакнува трговецот.


Назад
 

 
 
 
back to top