IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

НАЈАВА: Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017

18.04.2017

Во пресрет на трговскиот настан на годината – FMCG Summit Скопје 2017, кој ќе се одржи на 11 мај, во хотелот „Александар палас" во Скопје, ви претставуваме тројца еминентни говорници. Погледнете ги нивните теми и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на самитот!


ЗЕНЕЛ БАТАГЕЉ, партнер во „Валикон" 

Еден од основачите на истражувачката агенција „Валикон", кој се занимава со консалтинг на клучните клиенти на полето на маркетингот, брендирањето и стратегиите за пораст. По образование е социолог и еден од најистакнатите експерти на полето на стратешки и оперативен маркетинг на подрачјето на ЈИЕ. Уште од почетоците на занимавањето со брендовите, се раководи од идејата дека брендот е највредниот дел од компанијата, кој не се наоѓа во сефовите на компанијата, туку таму некаде, во главите на потрошувачите.

Презентација на самитот: Како МК брендовите да влезат во топ 25 во регионот?

Што ги прави успешните брендови успешни? Што се крие во листата на топ брендови во регионот, под оние топ 25? Што е клучно за македонските брендови да се качат повисоко и да стигнат на неа?



СИЛВИЈА БРАЈОВИЌ, проектен менаџер во „Империал тобако ТКС"

Голем професионалец со широко искуство на полето на маркетингот во FMCG-секторот, градено на менаџерски позиции како на локалниот пазар, така и во кластерите на системот на „Империал тобако", каде што има и интернационалното искуство од 2 години (2014-2016) на шпанскиот пазар како маркетинг-директор за Шпанија, Португалија, Гибралтар, Канарските Острови и Андора.

Презентација на самитот: Од клиент до „адвокат"

Кој е најдобриот интегриран комуникациски пристап со опфат на сите медиуми? Кој е најдобриот баланс на ATL и BTL? Кој микс резултира со најдобар ROI и кој дава максимален ефект?


ФИЛИП ЛУНЕСКИ, сениор менаџер за категории и менаџер за customer-маркетинг за Европа, „Молсон корс"

Дипломирал на престижниот Универзитет Шефилд во областа маркетинг (BA и MA). Кариерата ја почнал во системот на „Кока-кола", каде што се развивал на позициите во рамки на секторот за маркетинг и за трејд-маркетинг. Тој е еден од ретките што успеал да работи во двете компании – „Кока-кола компани" и „Кока кола ХБЦ". Во „Молсон корс" („Апатинска пивара") преминува во 2014 година, каде што со неговото доаѓање почнува развивањето на категори-менаџментот како нова дисциплина во овој систем.

Презентација на самитот: Предизвиците на category management-от денес

Како денешницата го моделира category management-от и кои се главните предизвици  што треба да се совладаат за успешна категорија?


Бидете во тек со вестите на
www.instore.mk и на нашата фејсбук-страница.

Официјална веб-страница на самитот:

www.fmcg-summit.mk

 

Заокружете го 11 мај во вашите деловни календари и пријавете се

за настанот на годината!


Назад
 


 
 
 
back to top