IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

4. FMCG Summit: Едукативен и инспиративен ден за паметење

18.05.2018

Докажани FMCG-професионалци, консултанти и истражувачки агенции од земјава, Јадранскиот Регион, Грција и од Русија го одбележаа најпосетениот FMCG Summit досега, кој се одржа вчера во хотелот „Александар палас" во Скопје.

Повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава, кои имаа можност да видат одлични презентации и студии на случај, беа поттикнати да размислуваат како иновациите, дигитализацијата (Петар Медаревиќ, „One Stop Marketing"; Ивица Соколовски, „Ипсос", Дарко Луќиќ, АММС), големите бази на податоци (Маријана Агиќ Молнар, ГфК) и креативноста влијаат на процесите на работење; како компаниската култура може да се издигне „над линијата" (Јелица Ивановска); како да се зголеми продажбата (Никола Мизо, „Алкалоид").

Секоја приказна има своја патека..., беа воведните зборови на Енвер Малиќи, сопственикот на „Гемак трејд", кој го раскажа својот инспиративен пат од нереализиран фудбалер до успешен бизнисмен.

Најголемото внимание од учесниците беше фокусирано кон Хрватот Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот трговски синџир "Океј", кој го презентираше огромниот извозен потенцијал на рускиот пазар: На рускиот FMCG-пазар, кој во 2017 година изнесуваше 485 милијарди евра, повеќе од 50% од производите се увезени. Постои голема можност за увоз од Македонија и од регионот, но тој огромен пазар нема да се приспособи кон нас – ние мора да тргнеме кон него и да се менуваме. Едно од најдобрите решенија е регионалната синергија и фокусот на премиум сегментот во областа на приватните трговски марки, истакна тој. Учесниците имаа голем број прашања за Боројевиќ, а тие што не успеаја да ги добијат одговорите во терминот предвиден по презентацијата, ја имаа таа можност за време на паузите, преку остварување на директни контакти со него.

Џорџ Ангелакис од ЕБОР ги претстави најдобрите менаџмент-практики во FMCG-индустријата, а Милан Радивојевиќ од „Нелт" ја истакна важноста на писменоста во бизнисот и дека е суштински вработените да знаат каде плови бродот – дали во црнениот океан, кој е полн со риби што се борат меѓусебно, или во синиот, во нови, иновативни води.

Поопширно за поентите и атмосферата од FMCG Summit, ќе прочитате во новиот број на InStore.


Назад
 
 
 
 
back to top